Tuesday, December 19, 2017

Белото Циганче / Beloto cigance. 1984.

Белото Циганче / Beloto cigance. 1984.
 MK. Белото Циганче е македонска тв серија снимена во 1984 година. Белото Циганче е роман за деца од македонскиот писател Видое Подгорец. За првпат, книгата била издадена во 1966 година. Исто така, таа била екранизирана од страна на Македонската Радио Телевизија.
Во серијата се работи за едно дете кое било оставено за време на војната во некое село. Додека бегале од окупаторот, група Роми го пронашле и го одгледале. Момчето се викало Таруно и немало никаква врска со Циганите, но научило да ги почитува нивните обичаи, научило како да преживее, да заработи за живот плетејќи кошници. Имал пријатели - Цигани и не судел по бојата на кожата туку по карактерот. Останатите луѓе едноставно не го поднесувале Таруно и го викале Белото циганче. Tој бил срамежлив.
Неколкупати се обидел да се спротистави на селските деца но секогаш завршувал во небрано. Таруно имал убав бел коњ по име Белка. Кога Белка ождребува, раѓа црвено ждребе со бел белег на предната нога. Таруно го одгледува ждребето како негово и го крстува Бреско. Кога Белка умира, кога Бреско е сеуште ждребе, немало кој да го рани и сите изгубиле надеж од него, но Таруно успеа да го одржи жив. Неколкупати Бреско бега и повторно се враќа. Некогаш го нема толку долго време што Таруно почнува да жали и плаче. Приказната за Белото циганче станува уште потрогателна со смртта на неговиот старател, Бабa Мулон го одгледал како свое дете и му помогнал да стане добар човек и умен човек.
EN. Beloto cigance is a Macedonian television series filmed in 1984. Beloto cigance children's novel by the Macedonian writer Vidoje Podgorec. For the first time, the book was published in 1966. Also, it was filmed by the Macedonian Radio Television.
The series is about a child who was left during the war in a village. While fleeing from the occupiers, a group of Roma found and bred. The boy was called Tarun and had no connection with the Gypsies but learned to respect their customs, learned how to survive, to earn a living weaving baskets. He had friends - gypsies and not judged by the color of their skin but by their character. Other people just tolerated Tarun and called White Gypsy. He was shy.
TV series, 7 Episodes.
Director: Aco Aleksov.
Cast: Ilija Dzuvalekovski, Snezana Stameska, Kiril Andonovski, Krste Jovanovski, Rubens Muratovski, Aneta Durcevska, Hristos Popovski, Trajce Ivanoski, Igor Madzirov, Petre Arsovski, Salaetin Bilal, Zora Georgieva.
Yugoslavia, Televizija Skopje, 1984.
Language: Macedonian.
Download Белото Циганче / Beloto cigance.
Белото Циганче / Beloto cigance. 1984.
Белото Циганче / Beloto cigance. 1984.
Белото Циганче / Beloto cigance. 1984.
Белото Циганче / Beloto cigance. 1984.